АД ЕЛЕМ: Немаме скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството

Од:

АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи, порачуваат од компанијата.

– Ги испративме бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии рокови за плаќање на тој датум се уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање. Во информацијата испратена до Министерството јасно е наведено дека станува збор за тековни, а не заостанати обврски затоа што компанијата нема доспеани, а неподмирени обврски кон стопанските субјекти. Наведените податоци кои стојат во презентацијата се тековни обврски и се во целост подмирени во текот на изминатиот период, прецизираат од АД ЕЛЕМ, коментирајќи ги податоците за финансиските обврски на државните субјекти кон стопанството презентирани при вчерашната прес-конференција на Министерството за финансии и пренесени во дел од медиумите.

Нагласуваат дека компанијата е во одлична кондиција и сите обврски кон државата, стопанството и вработените редовно се сервисираат.

– АД ЕЛЕМ во првото полугодие од 2017 година оствари нето добивка која надминува 8 милиони евра и има депозити во неколку банки во износ од 20 милиони евра. Со оглед на ликвидноста на компанијата, предвреме е отплатен кредит кон Светска банка во износ од 903.526 долари. Истовремено, би сакале да нагласиме дека друштвото има евидентирани побарувања од правни и физички лица во износ поголем од 100 милиони евра. Компанијата во согласност со својот развоен и финансиски план и во иднина нема да дозволи доцнење на исплата кон деловните субјекти со кои соработува и ќе продолжи да ги сервисира тековните обврски во согласност со воспоставената динамика, прецизираат од компанијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски