5 години KARIERA.mk: отсега и ОГЛАСИ за недвижности, возила и се што вреди да се огласи!

Од:

KARIERA.mk во месец ноември го одбележува својот 5ти роденден!  Досега, KARIERA.mk беше местото каде секојдневно се среќаваа работодавачите и активните баратели на работа! За овие 5 години, KARIERA.mk успешно соработуваше со над 4.500 компании од државата и странство кои имаат потреба од нова работна сила, објавивме над 28.000 огласи за работа и зачленивме над 123.000 корисници. Дополнително, организиравме многу настани и обуки, бевме присутни на голем број медиуми и се вмреживме во круговите на најголемите HR професионалците од регионот!

Бидејќи сме тим кој се радува на предизвици и нови проекти и константно сме во динамична атмосфера, со цел да им овозможиме одлично искуство на нашите корисници, нашиот 5ти роденден решивме да го прославиме преку големо проширување на нашиот сервис со додавање на огласи за недвижности, возила и се останато што вреди да се купи и продаде на едно место. Проширувањето на нашиот сервис е инспирирано од реалната потреба за комплетна и модерна платформа за огласување во нашата држава која ќе даде едноставно и одлично искуство за нашите корисници со повеќе опции на едно место.

Отсега, нашиот сервис прераснува во обемна платформа која ќе изобилува со огласи од различни категории каде корисниците ќе можат да најдат се она што им е потребно во моментот на едно место. Како иновативно решение, во сервисот интегриравме реална мапа за карактеристично доживување на корисникот, преку споредба на локации на недвижнините и цените за истите. Дополнително, нашиот нов сервис за огласување е изграден низ голем број на конкретни филтри за пребарување со што постигнавме корисникот најбрзо да дојде до посакуваните конкретни огласи кои му се потребни. Она што можеби најмногу од корисниците ќе ги интересира е дека нашиот сервис е БЕСПЛАТЕН и нема ограничување на бројот на огласи кои имате потреба да го поставите во било кој момент!

На крај, за овие 5 години поддршката од нашите корисници беше основната линија која не инспирираше да се приспособуваме на нивните барања и да правиме измени на нашиот сервис со цел полесно снаоѓање на корисниците. KARIERA.mk е успешна приказна која продолжува да расте и да се развива, па затоа ве покануваме да го погледнете новиот лик на KARIERA.mk и секако, освен вашата посета на делот за огласи за вработување, отсега, БЕСПЛАТНО да објавите се она што сакате да продадете или пак да почнете да пребарувате се она што ви е потребно да го купите. Придружи се на нашата роденденска прослава и почни да огласуваш БЕСПЛАТНО!

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

A1on

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска