5.670 хектари земјоделско земјиште се дава под закуп

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави оглас за давање под закуп на 5.670 хектари државно земјоделско земјиште.

Земјиштето  кое се дава под закуп е  во Струмица, Гевгелија, Делчево, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Неготино, Крива Паланка, Штип, Крушево, Демир Хисар, Кичево, Охрид, Чаир, Кратово, Македонски Брод, Виница, Карпош, Гостивар и Тетово.

Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е  земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е главна  дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано фирми-подружници во Македонија.

Лицата кои ги немаат подмирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници