23 години независност: Сиромаштија, невработеност, инвестиции – Македонија низ бројки!

Од:

Животен стандард што земјата ja вбројува меѓу најсиромашните во Европа, економски раст кој не успеа да биде одржлив со години по ред, драматични стапки на инфлација кои во одредени години беа шок за граѓаните, голем труд за привлекување на инвеститори, а бавни ефекти.

По 23 години независност, старите проблеми се уште чекаат решение. Осми септември 1991 – 2014-та. Растргната меѓу транзицијата, демократијата и кревките меѓуетнички односни, Македонија се уште се обидува да се одржи на патот кон евроатланските интеграции.

„Мислам дека ќе живееме во плуралистички амбиент, и мултикултурен, но дали ќе биде стабилен тоа е прашање, кога од ден на ден гледаме дека психолошки а и физички се одделуваме едни од други. Како може да имаме вистински мултикултурализам кога главниот град кој што е срцето на целата држава ни е се повеќе етнички обоен, поделен град, кога ни се бејрутизира“, вели за „Поратлб“ универзитетскиот професор Али Пајазити.

Каква е економската состојба на Македонија преку бројки?

Невработеност, сиромаштија, стандард…..

Неодржливите и недоволни стапки на економски раст, сите овие години не успеаа значајно да ја променат сликата со животниот стандард во земјава. И по 23 години независност, според европските статистики, животниот стандард во земјава изнесува само 35% од просекот во Европската Унија. Според достапните статистички податоци во изминатите години стапката на сиромаштија пикот го достигнала во 2009 та година кога изнесувала 31,1% а најниска била во 2011 та година, според новото медодолшко мерење по европски стандарди.

Еве како се движеше сиромаштијата во изминатите години:

2007 29,4%
2008 28,7%
2009 31,1%
2010 27,3%
2011 27,1%

Високи стапки на сиромаштија во пакет со висока невработеност. Регрутирањето на невработени почна со транзицијата и приватизацијата – последиците се бројат до денеска . Невработеноста останува клучен проблем со кој се соочи секоја владеачка гарнитура – но без да се најде одржливо решение за нејзино намалување.

„Жалосно е и после скоро четврт век транзиција, која некои ја нарекуваат дека е со “фабричка грешка“ ние никако како општество да го фатиме трендот на Прва Европа, сеуште се соочуваме не само со релативната, туку се појавува и таа екстремна, апсолутна сиромаштија, која подразбира борба за опстанок, за корка леб. Политичките елити беа тие коишто промовираа европеизација, демократија, либерално општество, пазарна економија, квалитет на живот, но за жал елитите политички станаа групи на интерес и фаворизирани пастири, коишто многу малку мислеа за демосот, на народот“, вели професор Пајазити.

По 23 години независност, според податоците во земјава има повеќе од 272 илјади невработени и нешто над 686 илиајди вработени или на 2,5 вработени има по еден невработен. По 1993 та година, кога стапката на невработенст изнесуваше 27,7%, започнува тренд на раст кој во годините потоа бавно ќе се намалува. Впрочем, во 93-та е регистрирана и најноската стапка на невработеност. Според последните податоци за првиот кавртал од годинава стапката на невработеност изнесува 28,4%.

Еве како се движеше невработеноста во изминатите години:

1993 27,7% 2005 37,3%
1997 36,0% 2009 32,2%
2002 31,9% 2013 29,0%

Ако се анализира структурата на невработеност според националната припадност, заклучно со јули годинава во Агенцијата за вработување биле пријавени повеќе од 77 илјади невработени од македонска националност, повеќе од 13.700 граѓани од албанска националност, потоа 2.000 невработени Роми и скоро исто толку граѓани од турска национална припадност. Во споредба со крајот на минатата година, бројот на нвеработени граѓани од албанска националност за седум месеци се зголемил за петстотини. Најголем број на невработени има во Тетово, скоро 7.000, следуваат Скопје и Гостивар а на четврто место според бројот на невработени граѓани од албанска националност е Куманово.

Речиси четвртина век незавосност и самостојност, Македонија и натаму не може да испорача економски раст што конечно ќе го почуствуваат и граѓаните и приватниот сектор. Според податоците, најпоразителна економска година е 1993-та, кога стапката на БДП изнесувала -7,5%, потоа кризната 2001-та година со -4,5%.

Најдобри економски години со највисок раст на БДП се 2008-ма и 2007-ма година. Сепак, во сите овие 24 години, македонската економија не успеа да испорача раст повисоки стапки на раст кои позначајно би ја промениле живеачката.

Еве како се движеше економијата во изминатите години:
1993      -7,5%                                        2004    +4,6%
1996      +1,2%                                        2007     +6,1%
1999      +4,3%                                        2010    +2,9%
2001      -4,5%                                        2013     +2,9%

Последните расположливи податоци покажуваат дека најнизок животен стандард имаат граѓаните од Полошкиот регион каде во одредени градови мнозинство се граѓаните со албанска националност. Така, во Полошкиот регион Бруто домашниот производ изнесува само 47,3% од просекот на ниво на целата земја. Следува Североисточниот регион со стандард од 65,2% од македонскиот просек. Најдоборо живеат граѓаните од Скопскиот и Југоисточниот регион, со БДП по глава на жител поголем за 44% односно 15,6%.

По 23 години независност, Македонија сеуште води битка на повеќе економски и политички фронтови. Увозно зависна,трговски врзана за силни европски економии, соочена со сериозни проблеми во опкружувањето, нерешен спор за името со Грција, отворени прашања со Бугарија, земјата сеуште се соочува со високи стапки на невработеност, сиромашно население кое живее во амбиент на кревки меѓуетнички односи, политички кризи и демократија која се уште е на тест.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он