Златен медал за младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“ од фестивал во Молдавија

Од:

Младинскиот женски хор кој работи во состав на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“ – Битола освои златен медал на меѓународниот натпревар, Фестивал на хорови што се одржа во Молдавија.

Во молдавскиот град Кишињев битолските хористки настапија 5 пати на различни локации во градот, а во натпреварувачката програма исполни 5 песни од македонски автори, истакна раководителот на КУД „Стив Наумов“-Битола и диригент на хоровите Љубомир Трифуновски.

– Во конкуренција од 29 хорови го освоивме првото место. Оваа награда е од голема важност бидејќи ја освојуваме на нашиот премиерен настап на меѓународниот фестивал на хорови кој во Кишињев се одржува по 7 пат. Конкуренција беше голема, но и нашето задоволство исто така бидејќи освен градот Битола, хористките како вистински македонски амбасадори ја претставија и нашата држава промовирајќи ја македонската музика во светот, истакна Трифуновски по враќањето од Молдавија.

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он