Зголемена поддршката за филмските фестивали во Македонија

Од:

Седумнаесет филмски фестивали од 20 апликанти добија поддршка од Агенцијата за филм која од оваа година ги финансира проектите од национален интерес во филмската дејност.

Како што соопши денеска на прес-конференција в.д. директорот на Агенцијата Дарко Башевски, филмските фестивали биле поделени на четири категории од што зависела и висината на поддршката.

– Кај сите фестивали имаме зголемување на поддршката во однос на минатата година, очекувајќи дека фестивалите ќе се развиваат во позитивна насока, со побогата програма и повеќе фестивалски активности, истакна Башески.

Потенцира дека висината на финансиската поддршка, оваа година е зголемена за сите фестивали од 20 до 100 проценти во однос на минатата година

– Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ оваа година ќе добие 7.700.000 денари односно 26 проценти повеќе од лани, „Синедејс“ ќе биде поддржан со 3 милиони денари што е зголемување од 50 отсто од досегашната поддрршка, Фестивалот „МакедДокс“ со два милиона денари односно дополнителна поддршка од 800 илјади денари, „Џифони“ Македонија со поддршка од 2.300.000 денари, Скопскиот фестивал со 2.000.000 денари, „Астер Фест“-Струмица, „Анимакс“, „Ода“ и „Џифони Патува“ добиваат по 800 илјади денари, информира Башески.

Фестивалот на француски филм во Македонија ќе добие 300 илјади денари, Фестивалот на тркала 600.000 денари, „Златно тркало“ ќе добие поддршка од 400.000 денари, „Моби Фестивал 400 илјади денари, Фестивалот на непрофесионален филм, Камера 300, SEE a Paris и „Скрипт фест“ ќе добијат по 200.000 денари.

За поддршката за прв драфт на ново сценарио за долгометражен филм, Башески информира дека се доделени три грантови во висина од 180.000 денари во бруто износ.

– На конкурсот беа пријавени десет ценарија, а поддржани се три. Поддршка добија Андреј Илиевски Волкашин за проект со наслов „Слатка горчина на зрели калинки“, Ана Јакимска со проектот „Полноќен воз“ и Огнен Георгиевски за проектот „Алшар“, истакна Башески.

Од Агенцијата информираат дека во следниот период ќе ги објават конкурсите за проектите за развојот на филмската дејност и за поддршка на филмската продукција.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето