Започна програмата на Европската филмска платформа

Од:

Во денешното обраќање на ЗУМ, Емили Бушетил, директорката на одделот за кино при Францускиот институт го најави започнувањето на Европската филмска платформа, која има за цел да го промовира филмското образование низ цела Европа.

Европската филмска платформа е предводена од Францускиот институт, во соработка со „АRTE Education“ подружница на европскиот телевизиски канал што создаде дигитален образовен сервис „Едукатор“ и „Европската училишна мрежа“, непрофитна организација составена од триесет и четири европски министерства за образование, имаат за цел да ја развијат програмата на Европската филмска платформа.

Програмата обезбедува иновативно и прагматично решение за поддршка на филмското образование во Европа и има за цел да го промовира квалитетот и различноста на европскиот филм, со охрабрување на што поголем број луѓе да одат во кино и со повторно засилување на страста на европската јавност за филмот.

Платформата е достапна на сите уреди, за сите наставници и ученици на возраст од 11 до 18 години. Платформата е достапна на осум јазици (англиски, германски, грчки, италијански, полски, романски, француски и шпански јазик), преку бесплатен и безбеден систем.

Десетте филмови се ремек-дела на европската кинематографија и се избрани од европско жири на професионалци од филмската индустрија и секторот за образование. Секој филм е со иновативен едукативен водич создаден од група волонтери наставници, координирани со Европската школска мрежа
и достпен за наставниците за да можат да се справат со содржината на филмскиот каталог. Овие филмови се избрани со цел да се подигне свеста за европската историја, како и посовремени прашања, кај помладата генерација.

Програмата на „Креативна Европа“ ги поддржува аудиовизуелните, културните и креативните сектори низ целиот свет. Потпрограмата Креативна Европа МЕДИА обезбедува финансиска поддршка на аудиовизуелниот сектор за развој, дистрибуција и промоција. Како дел од програмата се 23 земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Регистрацијата е бесплатна и  достапна за наставници и ученици на веб-страната на Европската филмска платформа.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето