Започна Етно Плоштад фестивал 2019 во Берово

Од:

Приредувајки прекрасен заеднички концерт пред преполниот плоштад во Берово, виртуозите на македонската музика Влатко Стефановски и Горан Алачки, синоќа го отворија 11-тото издание на првата фестивалска вечер од „Етно Плоштад фестивал 2019. Присутните уживаа во извонредните интерпретации од гитара и хармоника на „Македонско девојче”, „Јовано, јованке” и многу други, кои направија вистински убав амбиент на плоштадот „Димитар Беровски” во Берово.

-По пауза од 17 години повторно настапувам во Берово и морам да признаам треба почесто овде да доаѓам. Иако сум бил повеќе пати овде како турист ветувам дека својата грешка ќе ја исправам, рече Стефановски во воведниот говор пред беровчани и гостите од регионот.

Фестивалот го отвори градоначалникот Звонко Пекевски кој рече дека локалната самоуправа ќе продолжи да се стреми за што поголема афирмација на фестивалот во иднина.

-Преку ваквите манифестации чесно и објективно се вреднува вложената енергија и креативниот напор за создавање трајни вредности и нивно негување и се отвора можност на присутните да се запознаат со значењето на традицијата на ова подрачје која сите ние имаме должност да ја пренесуваме и понатаму, рече Пекевски.

На концертот на Влатко Стефановски и Горан Алачки во улога на придружен оркестар настапи и групата Етно Малеш, а исто така свои настапи имаа и младите играорци од Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“ како и диџеј „Сене“. Петдневната програма на Етно плоштад фестивалот продолжува вечерва со настап на Синтезис, „2 Бона“ и „Штекица“.

Би можело да ве интересира

Откако им изгоре куќата, семејството Воденски од беровско Русиново, остана и без својата плевна

Ана Ололовска

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Ана Ололовска

Детскиот фолклорен фестивал „Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата

Ана Ололовска

Затворено годинашното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”

Ана Ололовска

Во Крива Паланка утре почнува 15-от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

Ана Ололовска

Реализирана акција за подобрување на јавната чистота на Беровско Езеро