Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Од:

Полека се надминува ситуацијата со салмонела во детската градинка „23 Август“ во Берово. Според градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски најважно е што е отстранет сомнежот за присуство на салмонела во самата установа, откако Центарот за јавно здравје соопшти дека согласно резултатите во мострите од храната и површините во градинката не е утврдено присуство на бактеријата саломонела, која пак беш утврдена кај 11 дечиња згрижени во градинката кои според информациите на Пекевски се во добра состојба.

-Од информациите со кои располагам тие немаат некоја потешка форма на болеста веќе закрепнуваат. Ние навреме како општина побаравме да не се крева паника и верувам дека на задоволство на сите, а особено на родителите и на дечињата. После објавувањето на Центарот за јавно здравје Кочани дека нема присуство на бактерија кај вработените и местото каде се подготвува храната свикавме вонредна родителска средба бев присутен и јас, целиот колектив и најголем дел од родителите на која се разговараше за актиелната состојна и можностите во иднина да се превенира и да се подигне нивото на одговорност кај родителите а и повисоките мерки кај самите институции, рече Пекевски.

Додека траеше земањето на мострите и проследувањето на анализите и добивањето на резултатите за присуство на салмонела, самата кујна не работеше. По негативно утврдените резултати од градинката очекуваат добивање нов налог за повторно да се отпочне со подготовка на храна во самата кујна во рамките на детската градинка.

-Се со цел и понатаму да се одржува едно важно ниво кое ќе значи гаранција и соодветно целодневно згрижување на сите дечиња во детската градинка „23 Август“.

Во кратко време ќе споделиме информација до членовите на училишниот одбор и на управниот одбор и за кратко време ќе биде свикан истиот за да и тие се запознаат со состојбите после преземените мерки и преземените мостри, со кои е утврдена состојбата. Еве ќе повторам уште еднаш за мене е важно, а и за граѓаните да се врати довербата кон институцијата и да немаме паника и да нема непотребна загриженост за целодневниот престојот на дечињата во детската градинка, додаде Пекевски.

Во меѓувреме пред затворањето на веста, од Центарот за јавно здравје во Кочани потврдија уште еден случај на присуство на бактеријата салмонела кај уште едно дете од Берово. Оттаму напоменаа дека не се работи за ново заразено лице, туку од мострите што се пратени претходно е утврдено дека лицето има прележано салмонела.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски

Беровци се организираат за помош на свој сограѓанин чија покуќнина изгоре во пожар

А1он