Во Велес почна 16. Фестивал на античка драма „Стоби“

Од:

Во организација на Здружението на граѓани ФАД „Стоби“, а под покровителство на општина Велес и Министерството за култура, синоќа на сцената на велешкиот Народен театар започна програмата на 16. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ .

На свеченото отворање беше изведена претставата „Перикле“ на театарот од Шабац од Србија, по текст на Вилијам Шекспир, а во адаптација, режија и сценографија на Никита Миливојевиќ.

Програмата на фестивалот продолжува вечер во 20 часот со претставата „Едип Тиранин“ на Театарот „Стефан Киров“ од Бугарија, која исто така ќе се натпреварува за една од фестивалските награди.

Претставата е работена по текст на Софокле во режија на Билјана Петрова и сценографија на Елица Андреева. Како што појаснува режисерката Петрова, најбитното нешто за целиот тим на оваа продукција било да открие што е можно да се замисли и да се оживее денес, кога се препрочитува една античка трагедија.

– Најбитното е како еден човек, чиј повик е да биде ослободител од тиранијата на злото, не е способен да и се спротивстави на сопствената судбина и покрај свесните обиди да се бори против неа, појаснува режисерката Петрова.

На програмата на Фестивалот „Стоби“ во Велес ќе бидат изведени вкупно осум антички драми од кои шест кои се од Србија, Казахстан, Бугарија и Македонија се натпреваруваат за една од наградите: „Гран при“ за најдобра претстава, награда за најдобра режија и за најдобра машка и женска улога, а кои ќе бидат доделени на 21 октомври кога свечено ќе биде затворен Фестивалот.

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он