Во Велес изработен нов мурал „Ленка“

Од:

Во стариот дел на Велес на ѕидот под Градскиот саат во Велес деновиве е изработен нов градски мурал насловен „Ленка“. Муралот ја претставува песната „Ленка“ од стихозбирката „Бели Мугри“ на поетот и револуционер, великанот Коста Солев Рацин преку илустративна визуелизација со цртеж во комбинација со текст.

Со тоа, овој градски ѕид освен неколку постоечки, со овој нов ќе придонесе за збогатување на урбаната естетика на Велес.

Авторската скица и изведбата на муралот е на Бранкица Јордановска, дипломиран графичар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Текстот од песната, односно буквите кои се претставени на муралот е со фонт од оригинални документи со ракописот на Рацин, изработени од Ласко Џуровски.

Во изјавата Ласко Џуровски појасни дека овој фонт на букви е направен врз база на оригиналните ракописи на Коста Солев Рацин, кои му биле достапни во неговата работа од МАНУ, каде што се дигитално публикувани.

-Врз основа на тие оригинални ракописи на Рацин, јас ги дигитализирав ракописите и направив фонт на букви кој може да се користи во дигиталната технологија според сите современи барања на оваа технологија употреблива на компјутери, појасни Џуровски.

Сликањето на муралот е дел од проектот „Градиме култура,сликаме култура“ – мурали за 30 години независност. Носител на проктот е Фрагент Комуникации ДООЕЛ Скопје, а се реализира преку Студио КП7 ТП.

Инаку, на овој велешки голем ѕид велешките гимназијалци пред неколку години најпрво исцртаа фрагенти од Рациновите Тутуноберачи, а преку СЦМ -Велес потоа беа нацртани и муралите Крали Марко и Точно на пладне со Гари Купер. Овој најновиот е четврт мурал на овој ѕид, а втор според песна од Рацин.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов