Во Штип отворена изложба на дела од Меѓународната Струмичка ликовна колонија

Од:

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип од денеска се изложени делата од 53-та Меѓународна ликовна колонија-Струмица.

Директорот на Центарот за култура „Антон Панов“-Струмица, Иван Јовев вели дека штипјани во наредните денови можат да ги видат сликите на 21 ликовен уметник од земјава и странство, кои учествувале во една од најстарите ликовни колонии во земјава и на Балканот.

– На колонијата беа создадени над 60 дела, од кои на изложбата претставени се 28 работени во најразлични техники. Карактеристично за Струмичката  ликовна колонија е тоа што им е дадена слободата на уметниците да творат со сите можни техники за творење на едно уметничко дело, вели Јовев.

Тој истакна дека ова е можност и студентите од Академијата за ликовна уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип да ги видат делата од Меѓународната Струмичка ликовна колонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“