Во Прилеп по 16. пат се одржува карневалот „Прочка“

Од:

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп денеска на пладне ќе се одржи Детскиот карневал во рамки на меѓународниот карневал „Прочка“.

Маскирани деца и ученици до 14 години ќе продефилираат на плоштадот, а најавено е и куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции.

Прилепскиот карневал се одржува по 16. пат, а годинава ќе се одржи и првата научна конференција „Обреди и фестивали под маски на Балканот: традиција, состојба, тенденција“, на која ќе се пријавени учесници од Србија, Бугарија и Македонија, а реферати ќе имаат етнолози од Словенија, Хрватска и од Грција.

Според советничката за култура во прилепската локална самоуправа Снежана Ристеска, на конференцијата ќе се истакне улогата на маската и маскирањето како дел од културната историја и наследството на Балканот низ вековите, а материјалот од конференцијата ќе биде испечатен и издаден од општината заедно со Институтот за старословенска култура кои ја организираат.

Прилепскиот карневал е влезен во Европската асоцијација на карневалски градови и е во организација на локалната самоуправа и Здружението „Прилепски мечкари“.

В недела од 13 часот е дефилето на маските кои стручна комисија ќе ги оценува и ќе ги избере најдобрите. Организаторите најавуваат околу 1.000 маски на учесници од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија.

Традиционално, карневалските настани завршуват в понеделник со посен ручек.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски