Во Охрид вечерва промоција на „Избраните дела“ на Тодор Чаловски

Од:

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе бидат промовирани „Избраните дела“ во пет тома од истакнатиот македонски поет, есеист, литературен критичар, преведувач и издавач Тодор Чаловски, што како засебен комплет првпат беа промовирани на годишниот Саем на книгата одржан во април годинава.

Во првиот том со наслов „Поезија“ се содржани стихови од досега публикуваните дванаесет поетски книги на Чаловски, а вториот донесува есеистичко – критички текстови од богатата творечка актива на авторот, третиот е насловен како „Преводи и препеви“. Четвртиот том донесува вредни книжевни разговори со истакнати македонски и странски писатели од Михаил Петрушевски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Виктор Шкловски, Рафаел Алберти, Вилем Завада, Оскар Давичо, Томас Шапкот и други. Петтиот том со наслов „Толкувања“ за книжевниот опус на Тодор Чаловски донесува над педесетина извонредно есеистичко – критички обраќања кон слоевитото и бележито дело на овој наш совтремен автор.

Промоцијата е предвидена за во 21 часот, а за изданието ќе говори проф. Димитар Пандев. Овој издавачки проект го реализира „Галикул“ од Скопје, а обемниот предговор кон изданието е на писателот Венко Андоновски.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“

А1он

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски

Објавена книгата „Хотел со големо Л“ од Шурд Кајпер

А1он