Книгата „Будење на петелот“ која содржи 220 илустрирани еротски афоризми на 240 страници беше промовирана во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Составувач на книгата е Миле Ѓорѓијоски кој го направи изборот на афоризми, а илустратор е Миро Георгиевски.
– Во книгата се содржани 220 илустрирани еротски афоризми кои се избрани по пат на конкурс од автори од Македонија, Полска, Србија, Романија и Бугарија, изјави Миле Ѓорѓијоски, сатиричар од Делчево и составувач.
Книгата еротски илустрирани форизми е објавена од страна на Издавачката куќа „Орион“ од Делчево, а рецензенти се Васил Толевски, афористичар од Македонија и Александар Чотриќ, афористичар од Србија.
Промоцијата се одржа во организација на Афористичката репрезентација на Македонија од Кочани.