„Вечер на македонскиот афоризам“ во Кочани

Од:

Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани во присуство на голем број љубители на хуморот и сатирата, синоќа се одржа традиционалната годишна манифестација „Вечер на македонскиот афоризам“ во организација на Афористичката репрезентација на Македонија.

– На Конкурсот за најдобар афоризам што го распиша здружението Афористичка репрезентација на Македонија под наслов „Луди и збунети“ учествуваа 14 автори од Македонија. Жири комисијата во состав Миле Ѓоргијоски, минатогодишен победник, Доне Донев од Кочани и Никола Талески од Битола, првата награда му ја доделија на Васил Толевски од Скопје, втората награда му припадна на Јане Атанасов од Кочани и третата на Марјан Ангеловски, млад, надежен афористичар од Скопје, изјави Јане Атанасов, претседател на Здружението Афористичка репрезентација на Македонија.

Жири комисијата додели уште три други награди, од кои специјалната награда и припадна на Наташа Ќурчинска, а дипломи добија Ристо Филчевски и Александар Кузмановски.

Специјалната плакети за истакнати личности кои придонеле за развој и промовирање на македонскиот хумор и сатира годинава му беше доделена на познатиот афористичар, хуморист, автор и поет Љупчо Силјановски.

Би можело да ве интересира

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Момче од Кочани претепал малолетничка и ѝ нанел повреди

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

Тројца малолетници ограбувале низ Кочани, осомничени за над 30 кражби