Во Кинотека кратки аматерски филмови на автори од Кино клубот Русе

Од:

Презентација на кратки аматерски филмови на авторите од Кино клубот Русе, од Бугарија ќе се одржи вечер во Кинотеката на Македонија.

Презентацијата е по повод 30-годишната соработка меѓу Академскиот кино клуб од Скопје и Кино клубот Русе. Целокупното времетраење на проекцијата е околу 2 часа. Ќе бидат прикажани 15 филмови меѓу кои „Браво брависимо“, „Кранот којшто“, „Да се научиш“, „Кутија“, „Парада“, „Две слики на тема вода“, „Страст“, „Контакт 7“…

Триесетгодишната соработка е плод на долгогодишното пријателство на двата кино клуба, меѓусебната соработка на полето на филмот и макотрпната работа на филмските ентузијасти од Македонија и Бугарија. На кино проекцијата ќе бидат присутни Владимир Илиев, претседател на Националната филмска организација „Алтернативно кино“ од Бугарија и Станимир Трифонов, филмски режисер и професор по филмска режија во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата