Во Битола завршува манифестацијата Денови на францускиот филм

Од:

Манифестацијата Денови на францускиот филм која во Битола почна на 20 април, вечер ќе биде свечено затворена со проекција на уште едно филмско остварување. Станува збор за филмот „Госпоѓица Шамбон“ на Стефан Бризе, снимен во 2009 година, во кој настапуваат Венсан Лендон, Сандрин Киберлен, Ор Атика и други.

Манифестацијата Денови на францускиот филм се одржува во организација на Француската Алијанса од Битола во соработка со Францускиот Институт од Скопје и НУ Центар за култура во чии простории се прикажуваа четири оригинални и современи француски филмови кои го прикажуваат богатството и различноста на француското кино, едно од најразвиените во светот, информираат организаторите на овој културен настан во Битола.

Љубителите на седмата уметност во Битола во претходните денови ги видоа најновиот француски филм „Готвачката на претседателот“ на Кристијан Венсан, потоа филмот „Љубовџии“ на Риад Сатуф и „Име“ на Александар де Ла Пателиер.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето