Внатрешна реконструкција на киносалата во Делчево

Од:

Со средства обезбедени од Министерството за култура започна внатрешната реконструкција на киносалата во Делчево, која е во состав на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Како што соопштуваат од Министерство за култура, според проектот, ќе биде извршена реконструкција на внатрешните простории на киносалата, на сцената, столчињата, подот и ѕидните површини. Претходно со финансиска поддршка од Министерството за култура од околу два милиона денари, објектот во кој е сместено киното, од својата изградба во 1933 година првпат доби нова фасада, нова покривна конструкција и уредени санитарни јазли.

Во рамките на проектот на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, како што наведуваат од Министерството за култура, киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.

Реконструкцијата на киносалата во Делчево треба да биде завршена до крајот на годинава, со што  Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографија, ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија