(ВИДЕО) Стефоска и Гаџа во дебатата за проекти во културата: Нема веќе одлучување според етнички проценти

Од:

Последниот конкурс за поддршка на проекти во културата е реализиран со досега рекорден број пријави и максимална одговорност од страна на членовите на комисиите, тврди министерката за култура, Ирена Стефоска. Според неа, се одлучувало во рамките на буџетот, а селекцијата е правена единствено според квалитетот. Во дебатата, на која учествуваа и претседатeлката на Комисијата за издаваштво, Весна Димовска, и претседателот на Комисијата за фолклор, Емин Гаџа, стана збор за строгата селекција според која се раководеле во одлуките, за зачудувачки големиот број пријавени, кои во минатото добивале проекти со нецелосни пријави, како и со подметнати копи-пест апликации.

Во дебатата се вклучи и директорот на издавачката куќа, Никола Гелевски, кој смета дека годините по режимот на Груевски, не се паметно искористени во културата, дека нема јасна стратегија, а бирократскиот апарат дејствува деструктивно врз културата и уметноста.
Со ставот на Стефоска дека во културата не смее да се одлучува со етнички предзнак се согласи и Гаџа, но велат дека е детектирана слабост во непропорционално градење кадри и капацитети за културно дејствување кај Албанците и преостанатите граѓани од други немакедонски етнитети.
Пандемијата налага градење нови начини на одржливост на културата, вели Стефоска, и вети дека во разговор и со реководните лица на институициите, но и на слободните уметници, ќе се дојде до нови решенија.

Би можело да ве интересира

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Претставен проектот „Сто години од раѓањето на седум народни херои 1921 – 2021“

Стефоска: Мора да се промени лажната перцепција за културата како трошок или луксуз

Стефоска ќе одржи состанок со градоначалникот на Охрид за заштитата на Охридски регион

Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел – јубилеите служат да не потсетат дека историјата се учи за да не се заборави и за никогаш да не се повтори

А1он

Иран и Македонија ќе соработуваат во културата, економијата и политиката

А1он