Македонските јутјубери Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Steffonator денеска во Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираат нивната книга „Нашиот пат“.
Промоцијата на книгата и можноста за среќавање со младите јутјубери привлече огромен број на млади луѓе во МКЦ, каде што се формираше огромен ред за фотографирање и потпис од Марко и Стефан.
Книгата е во издание на „Просветно дело“, а авторите раскажуваат дека оваа книга ќе ги доближи повеќе до фановите, ќе ги насмее, расплаче и забавува.
Промоцијата на книгата беше закажана во 12 часот, а младите автори најавија дека ќе останат во МКЦ се додека не ги потпишат сите книги и не се сликаат со сите обожаватели кои ќе дојдат.