(ВИДЕО) Излезе првото видео на „Бернајс Пропаганда“ – го најавува албумот „Политика“

Од:

По три лонгплеј-албуми, повеќе стотици концерти и турнеи, македонските инди-пост-панк активисти „Бернајс Пропаганда“ (Bernays Propaganda) ја изненадија публиката претставувајќи го својот прв официјален видеозапис, изработен за синглот „Лажи ме, лажи ме“! Со овој сингл групата неодамна го најави својот нов албум „Политика“, кој ќе биде објавен на 14 март, за словенечката етикета „Мунли рекордс“ (Moonlee Records).

Но пред официјалното објавување на албумот, веќе од утре (29 јануари), „Бернајс Пропаганда“ се враќаат на концертните бини и тоа со неколку настапи во Македонија, Словенија и Хрватска, меѓу кои се и учеството на „МЕНТ“ конференцијата и фестивал во Љубљана, како и двата настапи во скопскиот МКЦ кои ќе бидат концертна промоција на новиот албум. Веднаш пак, по објавувањето на новиот албум „Политика“, групата заминува на целомесечна европска турнеја.

Следни потврдени настапи на Bernays Propaganda:
29.01.2016 @ Струмица, Сцена 112 (Македонија)
04.02.2016 @ Љубљана, Менза при кориту – МЕНТ (Словенија)
05.02.2016 @ Марибор, Густаф – МАРШ облетница (Словенија)
06.02.2016 @ Мурска Собота, МИКК (Словенија)
07.02.2016 @ Забок, Зелена дворана (Хрватска)
25.03.2016 @ Скопје, МКЦ (Македонија)
26.03.2016 @ Скопје, МКЦ (Македонија)
14.04.2016 – 15.4.2016 @ „Политика“ европска турнеја

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски