Три македонски претстави и една од Холандија денеска на МОТ

Од:

На третиот фестивалски ден на 42. Млад отворен театар ќе бидат изведени претставите: „Разговор во четири очи“ на МНТ и Скопје филм студио од 18 часот во МНТ, „Лебенсраум“ на Јакоб Ахлбом од Холандија од 20 часот во Театар Комедија, и „Лерин, полиња жито, ридишта крв“ на Театар на Навигаторот Цветко во Младински културен центар во терминот од 22 часот.

– Романот на Ингмар Бергман и перформативниот потенцијал прават одлична предлошка за оваа претстава прикажувајќи ја основата или соголеноста на меѓучовечките односи на главната хероина Ана Бергман и нејзините животни сопатници – свештеникот, сопругот, мајката и љубовникот, наведува МОТ во најавата за „Разговор во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ.

Современиот документарен пристап, почнат со претставата Солун, град на духови, режисерот Слободан Унковски и креативниот тим го продолжуваат и во вториот дел од трилогијата Солун, Лерин, Скопје – „Лерин, полиња жито, ридишта крв“.

– Граѓанската војна во Грција, положбата на македонското население и сите ужасии од битката за Лерин ги следат актерите низ нивните лични и сведоштва преземени од историјата. Едноставно, претстава што јавно, гласно и страстно зборува за теророт, немирот и сите затскриени и потиснати прашања на едно време. Затоа е и мошне важна за современата македонска театарска практика, најавува МОТ.

Гостинска претстава на третиот фестивалски ден е „Лебенсраум“ на Јакоб Ахлбом од Холандија. Претставата прикажува двајца мажи кои живеат во мал, еднособен стан.

„Нивните решенија за заштеда на простор се генијални. Сè е повеќефункционално: креветот е пијано, а библиотеката служи како фрижидер. Но тие мечтаат за една жена во куќата. За да го надоместат недостатокот на женско присуство, тие создаваат механичка слугинка. Еден од мажите ѝ се додворува, другиот ја гледа во прагматична улога. Но куклата наскоро покажува дека има своја волја и одбива да ѝ се командува. Работите во еднособниот стан се менуваат“.

Покрај вечерните претстави, во пладневниот термин (12 часот во Мала станица) ќе биде изведена претставата „Бакнати од Сонцето“ на театарот „Пи“ во која учествуваат лица со попреченост од Дневниот центар „Порака“.

Актерите и креатори на независниот театар „Пи“, Златко Митрески и Македонка-Илиевска, создаваат мултимедијален документарен перформанс водени од идејата да ги истражат актерските техники и процеси, како и создавањето театар со приказни од секојдневието на лица со интелектуална попреченост кои се маргинализирани од општеството.

– Претставата директно ја отсликува елементарната потреба на сите учесници, гласно да споделат интимни приказни за нивниот поглед кон светот, информира МОТ во најавата за фестивалската програма.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска