Трето издание на „Прво, па женско“

Од:

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената од 6. до 8 март во Младинскиот културен центар во организација на „Tiiiit! Inc.“ од Скопје ќе се одржи третото издание на „Прво па женско“.

Станува збор за иницијатива што има за цел да поттикне дебата за околностите во кои денес живее жената чијшто профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротивставуваат на традиционалните стереотипи.

Програмата е концепирана како отворено поле за претставување и размена на активните жени денес – оние кои од најразлични позиции теоретски се занимаваат со прашањата на родот, но и оние кои јавно се застапуваат и се обидуваат да влијаат на подобрувањето на политиките кои се однесуваат на жената.

Првото издание на фестивалот се одржа во 2013 година на Меѓународниот ден на жената и траеше повеќе од 15 часа. Тогаш имаше повеќе од 50 учесници и беше посетен од над 1000 посетители.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он