Трети „Илинденски срцекази” на Демирхисарското културно лето

Од:

Во рамки на Демирхисарското културно лето, денеска во селото Растојца ќе се одржи третата манифестација „Илинденски срцекази” која оваа година ќе се фокусира на творештвото на автори од овој крај, меѓу кои има голем број писатели, сликари, музичари, актери.

Годинава на „Илинденски срцекази” ќе учествуваат и резервните воени старешини од Демир Хисар, а беседа за учеството во НОБ на овој револуционерен крај ќе одржи проф. д-р Менде Солунчевски. Со поезија и ликовни дела ќе се претстави Христо Петрески, а ќе биде отворена и изложба на скулптури во дрво од Благоја Секуловски.

Ќе бидат врачени и награди и признанија за особени достигнувања и придонес во културата и уметноста. Досегашни добитници се: Петар Мирчевски, Тони Чатлески, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Јордан Ѓорчев, Кочо Топузовски, Панде Манојлов, Трајче Кацаров, Владимир Темков…

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани се осомничени дека предизвикале пожар во Демир Хисар

Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

Болницата во Демир Хисар во хорор состојба – за директорот од ЗНАМ условите се добри

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on