Тони Гламчевски на чело на филмскиот фестивал во Нанси

Од:

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, кој се одржува во градот Нанси на истокот од Франција и кој важи за еден од најголемите филмски фестивали во овој дел на Франција, годинава одбележува јубилејни 20 години од основањето.

На свеченото отворање на фестивалот во Нанси присуствуваше и амабасадорот на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Петар-Поп Арсов, со оглед дека фестивалот е претседаван и координиран од Тони Гламчевски, Македонец кој живее и работи во Франција  како дописник на Македонската информативна агенција.

По отворањето на фестивалот, амбасадорот Петар Поп-Арсов имаше кратки средби и разговори со градоначалникот на Нанси Лоран Хенар, кој е новиот претседател на Радикалната партија – партија од центарот на десницата и најстара политичка партија во Франција. Потоа тој оствари средба и со заменик-претседателот на регионот Лорен во Жан-Пјер Муано, пред кои тој ја афирмираше нашата земја, како и за блиските пријателски односи кои се градат преку културата, чиј составен дел е филмот.

Филмската уметност ги има своите светски познати неодминливи станици на кои се претставува секоја година, како: Берлин, Кан или Венеција. Тука се и оние помалку познати за пошироката јавност фестивали, но кои имаат исто така големо значење за ширењето и претставувањето на разноликоста на филмската култура. Еден од тие фестивали е и Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, кој годинава го доживува своето дваесетто издание од 29 август до 6 септември. Фестивалот е познат и под името „Ај Ај Филм Фестивал“, но од минатата година го преомени името со цел да стекне поголема афирмација на меѓународен план.

Ај Ај е мал лемуриан кој живее на Мадагаскар и кој поради своите големи љубопитни очи и ноќниот живот се покажа како најпогоден амблем за асоцијацијата која го доби неговото име „Ај Ај В.О.“ (организатор на фестивалот), која ја покажува својата љубопитност во откривањето на филмските бисери од целиот свет.

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен е еден од најмакедонските и најбалканските филмски фестивали во Франција, а можеби и во светот. Во изминатите дваесетина години редовно се селектирани македонски филмови или македонски копрудукции кои се претставувани пред француската публика.

Со асоцијацијата Ај Ај В.О. организатор на фестивалот и со тоа воедно претседател-координатор на фестивалот претседава Тони Гламчевски, македонскиот новинар дописник на МИА од Франција.

– Фестивалот е вистинска среќа за љубителите на филмот, прекрасен и фасцинирачки прозорец отворен кон филмската уметност. И истовремно кон светот. Светот, во кој филмот фрла светлина врз неговите сенки и рани. Филмот и нашиот фестивал ни дозволува да ги укинеме границите меѓу реалноста и фикцијата. Да заборавиме на се, барем додека трае филмот. Изборот на филмовите се однесува на секојдневниот живот, на обичните или необичните нешта, пишува Гламчевски во каталагот на фестивалот.

– Уредувачката политика при селекцијата на филмовите, всушност, е во насока на одбрана а разноликоста, секогаш во насока на квалитетот, со ангажирани, смешни, емотивни, вознемирувачки или изненадувачки филмови, додава тој.

Годинава тој жали што во селекцијата на 9 долгометражни играни филмови и во натпреварувачката селекција од 9 документарни и 32 краткометражни филмови не се најде ниту еден македонски филм.

– Се обидовме да ги добиеме двата најнови македонски филма „До Балчак“ и копрудкцијата „Споменикот на Мајкал Џексон“, за првиот нашето барање не доби одговор, додека за другиот неговиот дистрибутор ни побара преголема сума, која не беше во капацитетите на нашиот фестивал, вели Гламчевски, кој ја потенцира многу добрата соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија, откривајќи дека се размислува за одржување на недела на македонскиот филм во Нанси.

Инаку, на фестивалот во многу тешката конкуренција за селекцијата на краткометражни филмови беше пријавен краткометражниот филм „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ на Гоце Цветановски, кој беше во потесниот избор на филмови, открива претседателот на Фестивалот Тони Гламчевски.

Во натпреварувачката селекција на краткометраќни филмови беа избрани само 32, од вкупно 1400 пријавени краткометражни филмови произведени меѓу февруари 2013 и април 2014 година.

Лани на фестивалот во Нанси беа прикажани филмовите „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, „Мајки“ на Милчо Манчевски.

За време на фестивалот, од 29 август до 6 септември, организаторите на публиката и предлагаат над 150 филмови од над 40 земји, можност за средба со други култури, друг начин на живеење, отворање кон културната разноликост со надминување на уметничките и географските граници.

Филмовите се претставени во шест селекции или вкупно 82 проекции: Меѓународна натпреварувачка селекција на 32 краткометражни филмови, избрани меѓу 1400 филмови направени во текот на 2013-2014 година, Селекција на краткометражни филмови за млади и деца, Зизз – Селекција на интересни или необични фимови, Слободен избор на филмови од партнерите на фестивалот од Палиќ – Србија, Полска, Транскавказијата, Селекција на филмови на баскиски режисери, Селекција на филмови кои се прикажуваат на отворено во дворот на реновираната Мануфактура (монополот за тутун) и натпреварувачка селекција на европски документарни филмови.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето