Националната установа „Театар Комедија“ вечерва на Светскиот ден на театарот, го прослави седмиот роденден. Пред преполната сала, театарскиот ансамбл ја изведе претставата „Не сега драга“, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети како донација за Детската клиника во Козле.
Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и карактери, во режија на Коле Ангеловски.
Приказната е за парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во Собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на претседателот. Но, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга.
Седмиот роденден на театарот е скромен, но значаен, бидејќи театарот во текот на изминативе години прикажа 27 премиери, имаше голем број гостувања низ државава и во странство, освои значајни фестивалски награди, и е театар со најголем број посетители.