„Танц фест“ и годинава во Велес

Од:

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес и годинава од  9-ти до 21 април ќе бидат изведени дел од претставите на годинашниот „Танц фест“.

Уметничкиот директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бидат изведени четири танцови претстави: „Стапнувајќи на земја“ – премиера  на Скопје танцов театар (9 април); „Боите на танцот“ на  Националниот балет од Измир, Турција (12 април); Strates Rualite Dance Company од Париз (19 април) и „Волшебен свет“ – премиера на Скопје танцов театар (21 април).

Во Велес фестивалот е под мотото „Да го промениме духот на градот“. Зафирчев е задоволен од соработката со организаторите на „Танц фест“ и со Македонската опера и балет, како и од минатогодишниот интерес на публиката за фестивалската програма.

– Целта како театар ни беше да им овозможиме на нашите гледачи програмска содржина која го промовира и афирмира танцот, не само современите, туку и класичните форми. Искрено сум задоволен од интересот на велешката публиката за современите форми на танц на минатогодишниот настан. И годинава очекувам уште повеќе публика, истакна Зафирчев.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска