Светска премиера на „Сестри“ на Дина Дума во Карлови Вари

Од:

Филмот „Сестри” во режија на Дина Дума, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, вчера ја доживеа својата светска премиера на престижниот фестивал од А-категорија во Карлови Вари, Република Чешка.

Како што соопштуваат од продуцентската куќа, филмот е дел од компетитината официјална програма East of the West (Источно од Западот). Оваа селекеција е наменета за автори на прв и втор долгометражен филм од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот Исток и Северна Африка.

„Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Филмскиот фестивал во Карлови Вари се одржува од 20 до 28 август. Тој е најголемиот фестивал во Република Чешка и најпрестижен во Централна и Источна Европа. Еден е од најстарите филмски фестивали од А категорија, заедно со фестивалите во Кан, Верлин, Венеција, Локарно, Сан Себастијан.

Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро и Антонија Белазелкоска.

Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето