Стота изведба на претставата „Стјуардеси”

Од:

Претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија вечер ќе има 100-та изведба. Од премиерата на 6 декември 2013 година претставата досега ја виделе над 32.000 посетители.

– Пиесата – класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив „Боинг-Боинг“ е влезена во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција. „Стјуардеси” е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014 година. Актерите Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино таа година за улогите во претставата го добија признанието најдобар млад актер, а следната година на манифестација „Златна бубамара“ претставата доби награда за претстава на годината, соопшти Театар Комедија.

Во вечерашната јубилејна изведба на „Стјуардеси“ ќе учествуваат актерите: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска.

Режисерот Синиша Евтимов на сцената на Театар Комедија ја подготвува својата трета премиера предвидена за декември – „Жена ми се вика Борис“ од францускиот драматург Рафи Шарт.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

A1on

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов