Столе Попов: Мојот филм нема дамки заради долговите и продукциските проблеми

Од:

Пред премиерата на филмот „До балчак“ на престојниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, режисерот Столе Попов на новинарско прашање како се чувствува заради долговите кон екипата и продукциските проблеми што ги имаше овој проект, рече дека неговиот филм нема да има никакви дамки, но призна дека во текот на снимањето имало продукциски проблеми

– „До балчак“ е голем и сериозен проект со кој би се гордеела која било европска продукција. Кога ќе го погледнете филмот, продукциски, ќе видите дека буџетот за ваков проект е повеќе од смешен. Точно е дека имавме проблеми, недоволно промислени организациски зафати, продукциски грешки и други пропусти. Македонија нема капацитет за ваков филм да изнесе без никави проблеми, во Македонија не постојат некои филмски професии како на пример каскадери или филмски коњи, но ништо од ова не фрла дамка врз филмот. Сите проблеми ќе се заборават и никој нема да верува дека овој филм е снимен со тој буџет, рече Попов

Снимањето на филмот „До Балчак, приказни од дивиот исток“, по сценарио на Горан Стефановски, започна во 2012 година, но траеше повеќе од предвиденото. и продолжи со снимање уште седум недели, а продукцијата „Триангл“ го надмина буџетот. Тоа е причина што дел од екипата и другите соработници ја тужеа за неисплатени обврски.

„До балчак“ во моментов важи за најскап филм во македонската кинематографија со буџет од 3,6 милиони евра. Владата ја финансираше продукцијата со 2,5 милиони евра како филм од национален интерес, а Филмски фонд му ја додели максималната сума од 500 илјади евра.

Во филмот играат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сенко Велинов, Сашко Коцев, Искра Ветерова, Јордан Симонов и други.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето