„Стогодишникот кој скокна од прозорец и исчезна“ утревечер во Кинотека

Од:

Во организација на Амбасадата на Шведска, утревечер во Кинотеката на Македонија  ќе биде прикажан шевдскиот филм „Стогодишникот кој скокна од прозорец и исчезна“ во режија на Феликс Хернгрен, снимен во 2013 година.

Приказната се плете околу главниот лик – стогодишникот  Алан Карлсон, кого во филмот го игра шведскиот актер Роберт Густафсон.

По многу години авантуристичен живот, Алан завршува во старечки дом и верува дека тоа е неговата последна животна станица. Проблем е што тој се уште има добро здравје и деновите во домот за него стануваат мачни. Како што се ближи прославата на неговиот 100-ти роденден, за кој Алан воопшто не е заинтересиран, тој се одлучува на бегство од својот здодевен живот.

Се прекачува преку прозорецот и се втурнува во серија на настани кои го водат на едно урнебесно смешно и неочекувано патешествие.. Иако Алан е целосно незаинтересиран за политиката и религијата, се чини дека токму тој има влијание на најважните светски настани од минатиот век.

Филмот е адаптација на бестселерот на шведскиот писател Јонас Јонасон, кој само во Шведска е продаден во повеќе од еден милион примероци, а е објавен во 38 земји низ светот, вклучително и во Македонија.

„Стогодишникот“ ќе биде прикажан и на 30 април во Центарот „Лоја“ во Тетово.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата