Средба со бугарскиот поет Роман Кисјов во ДПМ

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска организира средба со истакнатиот бугарски поет Роман Кисјов кој престојува во земјава во рамките на резиденцијалната програма на писатели под мотото „Апсолутно модерен“.

– Кисјов е еден од најзначајните современи европски поети. Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик. Поезијата на Кисјов е преведувана и на  англиски, италијански, француски, руски, романски, холандски, дански, турски, грчки, српски, хрватски, албански, ерменски, грузиски, хебрејски, арапски, кинески, хинду, бенгалски и на други јазици. Вклучен  е во поетски антологии во Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Индија, Нагорно-Карабах, како и во  меѓународната антологија на англиски јазик „Поети од светот”.  Учествувал на низа поетски фестивали, меѓу кои и на Струшките вечери на поезијата, соопшти ДПМ.

За творештвото на Роман Кисјов во македонската писателска асоцијација ќе зборуваат Ефтим Клетников и Владимир Мартиновски.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска