Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Од:

Крива Паланка, 12 август 2023 (МИА) – На летната сцена во градскиот парк во Крива Паланка синоќа се одржа промоција на првата поетска книга “Ризница” на Мира Георгиевска.

Промотор на книжевното првенче на Георгиевска беше Мишел Павловски, професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература на УКИМ, а говореше и рецензентот, поетесата Оливера Станковска од Крива Паланка.

– Георгиевска ја отвора стихозбирката со циклусот „драгоцени камења” во кој ги собира сите вредности: зборот мајчински, корените, деца со детство, сѐ ова преку насловите на песните што води до „Крива Паланка љубов моја” што е песна- стожер во книгата. Токму меламнхоличноста по минатото ја слика со стиховите „ме рашетуваш по старата калдрма, на тазе алва кај Миле бозаџијата, Екран да купам кај Коле весникарот, кадри да направам кај Благој сликарот…”. Тука меланхолијата ја враќа Мира не во традицијата,туку во детството кај топосите што ја враќаат таму,а ги среќава и денес. Преку сите нејзини и лирски и останати поетски изблици, „низа ал’тни”, Георгиевска пее и за свети Јоаким Осоговски и за Крива Паланка, а токму песната за родниот град според мене е најблескавата во книгата. Писмо што вреди да се чита и останува вистинска ризница за сите генерации, рече Павловски.

Рецензентот Станковска се осврна на емотивниот набој во стиховите кој, како што рече, гали, раскажува, растажува, охрабрува… повикувајќи на трансформација и видување на убавото во сѐ.

Оваа книжевна вечер од „Кривопаланечко културно лето” беше надополнета со видео-запис од Владо Денчов за културно-историските знаменитости на Крива Паланка со стихови од песната “Крива Паланка љубов моја” како траен запис на стиховите и убавините на градот за кој глаголи Георгиевска.

– Ова место е драгоцено и овој миг е драгоцен, зашто сите вие имате некоја емоционална состојба што сте ја доживеале на овој простор. И Мира тоа што го чувствува и доживеала го собрала во ризницата и го извајала од зборови, рече Денчов.
Георгиевска се заблагодари на НУЦК Крива Паланка, нејзината матична установа,на Општина Крива Паланка, градоначалникот,, на семејството и сите што се заслужни за реализација на проектот „Ризница”.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска

Промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова

Ана Ололовска