Промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова

Од:

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од младата поетеса Марија Велинова, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Владимир Мартиновски, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.

Мартиновски во поговорот кон книгата, меѓу другото, истакнува дека Велинова „низ лирските авантури навистина успева нешто за што се потребни обемни философски трактати да го изведе на лирски, елиптичен и сугестивен начин“.

-Токму во и преку стиховите Велинова ни ги предочува тајните врски меѓу зборовите, преку возбудливите созвучја, хомоними и еуфонии, кои суптилно се вткаени во нејзините песни. (…) Посебно суптилен слој од песните на Велинова е и дијалогот како со експресивните можности на македонскиот поетски јазик, така и со поетската традиција, а во прв ред лириката на Ацо Шопов, која е дискретно присутна во дел од нејзините највпечатливи остварувања, пишува Мартиновски во поговорот.

Марија Велинова (2003, Штип) е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Пред две години ја објави и сстихозбирката „Разговорите што не можевме да ги имаме“. Минатата година ја претставуваше државава на Интернационалната филозофска олимпијада во Лисабон.

Нејзини есеи се објавени во списанијата „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“ и на повеќе поетски читања, меѓу кои: „Отскочна даска“, „Поетска епизода“ и „Добри гости“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска