Соопштени наградените маски на Струмичкиот карневал

Од:

Организацискиот одбор на Струмучкиот карневал ги објави наградените маски на годинашното меѓународно издание на оваа манифестација.

Во категоријата А за групна маска со 50 и повеќе лица, жири-комисијата додели три први награди во вредност од илјада евра – за „Танц на животот“ на СОУ „Јане Сандански“ Струмица, „Антозои“ на СОУ „Никола Карев“ Струмица и „Мери ми, омажи се за мене“ на Мулен руж (Николов).

Во оваа категорија беа доделени и две втори награди – „Деца на сонцето“ на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево и „Дождовна игра“ на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица.

Во категоријата Б за маска со 30 до 50 лица, првото место го освои Здружението „Струма“ за маската „Визија“, втората награда ја добија учениците од ООУ „Сандо Масев“ за маската „Индијанци“, а трето место за кумановските средни училишта.

Во категоријата В – групна маска со 20 до 30 лица, победи маската „Талкајќи низ животот“ на Ефтимови од Струмица.

Во категоријата Г, групна маска од 10 до 20 лица, прво место доби карневалската маска Мулен Руж (Анита) – „Капка светлина на љубовта“, а втора награда за Струмички викинзи „Игра на троновите“.

Во категоријата Ѓ за поединечна маска од едно до пет лица, прва награда доби маската со наслов „Стариот вештер“, втора награда за „Сакам да сум невеста“ и третата награда за „Маска од шишиња“.

Дополнителна награда за стимулација доби маската на СОУ „Никола Карев“ од Пробиштип.

Наградите ќе бидат доделени утре во 19.30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, а потоа ќе се одржи тримерската забава со наградените.

Во рамки на карневалските денови, денеска се одбележа Чист понеделник со делење бел грав на градскиот плоштад во Струмица.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски