„Соба со пијано“ пред прилепската публика

Од:

„Соба со пијано“ најновиот филм на режисерот Игор Иванов-Изи, продукција на „Скопје филм студио“ и Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Јовица Михаловски во главните улоги, од денес премиерно ќе се прикажува пред прилепската публика, со почеток од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“.

Проекции на новото филмско остварување на Иванов ќе има сѐ до 19-ти овој месец. Цената на билетите е 50 денари, а љубителите на филмот ќе можат да проследат приказ на различни животни судбини доведени на единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. 

Филмот премиерно беше прикажан на овогодинешното 34-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето