Песни од најдобрите музички поп легенди во целосно нови симфониски аранжмани, ќе бидат дел од програмата на гала концертот по повод празникот Василица што ќе се одржи вечер во Националната опера и балет (НОБ).
Со концертот насловен „Легенди“ („Legends“), НОБ ќе ја почне сезоната 2020. Под диригентство на Бисера Чадловска, ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на НОБ.
Концертот ќе има две изведби, вечерва и утревечер, од 20 часот.