„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет на 12 март

Од:

Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 12 март 2022, со почеток во 20.00 ч. Лучија од Ламермур е трагична опера напишана во два чина.

dobivaj vesti na viber

Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор: Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико – Ристе Велков, Едгардо – Благој Нацоски, Артуро – Никола Стојчески, Рајмондо – Алесандро Абис (Италија), Ализа – Соња Пендовска Мадевска, Нормано – Дејан Стоев.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

Балетот „Шехерезада“ на сцената на Националната опера и балет на 14 јуни

Ана Ололовска

„Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет на 8 април

Ана Ололовска

„Лебедово езеро“ на 25 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ на 18 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

Премиера на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на 9 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

В петок во Националната опера и балет – Гала оперски концерт „ARIGATO“

Ана Ололовска