Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет

Од:

Операта „Кармен“, ремек делото на Жорж Бизе, ќе биде изведена вечер со почеток во 19 часот во Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.

Од Националната опера и балет информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид – 19. Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на претставата.

Би можело да ве интересира

„Романтична балетска вечер“ со дела од данскиот кореограф Бурнонвил

Ана Ололовска

Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Националната опера и балет со велигденска онлајн премиера на Стабат Матер

Ана Ололовска

„Балетски бисери“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Мицко Дамњановски – нов уметнички раководител на Операта

Ана Ололовска

„Најголемите хитови“ – традиционален василичарски концерт во НОБ

Ана Ололовска