Националната опера и балет со велигденска онлајн премиера на Стабат Матер

Од:

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на официјалниот канал на ЈуТјуб на Националната опера и балет денеска со почеток во 17:45 часот премиерно ќе се емитува возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – Стабат Матер.

Изведбата е под диригентска палка на Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев, а концерт-мајстор е Климент Тодороски. Како солисти настапуваат Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист и оркестарот и хорот на НОБ.

Хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, светло мајстор е Милчо Александров и корептитор е Јаника Невчева. Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

Користена е дел од сценографијата на оперската претстава „Тоска“, во продукција на Националната опера и балет.

„Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од 13 век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.

Би можело да ве интересира

„Романтична балетска вечер“ со дела од данскиот кореограф Бурнонвил

Ана Ололовска

Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Балетски бисери“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Мицко Дамњановски – нов уметнички раководител на Операта

Ана Ололовска

„Најголемите хитови“ – традиционален василичарски концерт во НОБ

Ана Ололовска