Премиера на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на 9 март на сцената на Националната опера и балет

Од:

На 9 март со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската премиера „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во 9 слики со врвна авторска и солистичка екипа!

Музика: Калиопи Букле; Кореографија и режија: Олга Панго; Либрето и драматургија: Сашо Димоски; Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова; Костимограф: Раде Василев; Мултимедија и дизајн: Емил Петров; Дизајн на светло: Милчо Александров; Дизајн на шминка: Златица Поповска; Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук

За балетот „Госпоѓиците од Авињон“…

ЕПИФАНИЈА

„Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи. Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон‘“ – Сашо Димоски, либретист

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска