Словенечкиот филм „Аутсајдер“ во Кинотека по повод Прешерновиот ден

Од:

Во Кинотека на Македонија утревечер и во недела од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Аутсајдер“ на словенечкиот режисер Андреј Кошак по повод Прешерновиот ден кој се празнува во Словенија.

Покрај проекцијата,  Кинотеката на Македонија и Словенечкиот центар од Скопје, во соработка со Амбасадата на Словенија во Македонија, утревечер на македонската публика ќе и овозможат и краток разговор со режисерот Андреј Кошак  за неговиот филм.

„Аутсајдер“ е снимен во 1997 година и е поглед врз југословенската панк-сцена во Љубљана во 1980-тите години. Филмот своевремено бил дистрибуиран во сите републики на поранешна Југославија и добил  повеќе меѓународни награди.

Настанот е во рамки на Месецот на словенечка култура во Република Македонија, кој го организира Словенечкиот центар од Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата