Скопска премиера на „Прикаска за Кичево“ вечер во Кинотека на Македонија

Од:

Долгометражниот документарен филм првенец на тандемот Бранко Стојаноски и Виктор Гаврилоски „Прикаска за Кичево“ вечер со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија.

Филмот има за цел да ги претстави настаните кои го одбележале севкупното живеење на Кичево во изминатиот период. Во филмот застапени се некои од култните белези на градот, како вовчето „Ќирчо“, киното Партизан, авто и мото трките во касарната, поетските средби „Курирче“ и манифестации поврзани со нив.

Не е одминат ниту ноќниот живот во градот, почнувајќи од прочуеното корзо, првите кафулиња, спортскиот живот, музичките случувања и фестивали кои се одржувале во градот и на Китиното кале и многу други случувања. Во изготвување на филмот се слушначе мислењата и на повеќемина граѓани на Кичево, кои ги следеле и следат настаните во градот во изминатите години и децении.

– Целта на овој документарен филм е да се остави траен белег преку визуелниот запис за богатиот живот на градот и овие подвижни слики да им служат и на генерациите што доаѓаат. Карактеристично, во оваа „Прикаска за Кичево“, вметнати се и извадоци од документарниот филм на МРТ „Луѓе зад планината“ снимен во 1971 година, во режија на Мето Петровски, вели еден од коавторите на овој филм Бранко Стојаноски.

Тој изразува надеж дека филмот ќе побуди голем интерес кај сите генерации граѓани на Кичево, како и кај оние кои од поодамна го напуштиле овој град.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата