„Скопје пее“ („Skopje Sings)” – прв меѓународен хорски фестивал во Скопје

Од:

Од 29-ти до 31-ви август, во организација на Град Скопје и ЈУ „Универзална сала“, градот ќе биде домаќин на првото издание на хорскиот меѓународен фестивал „Скопје пее“ („Skopje Sings”).

Десет хорови од земјата и странство, со своите изведби на добро познатите класични дела, но и џез, рок и современите композиции, на себе својствен начин, ќе ги спојат музиката, одморот, пријателството и забавата.

Свеченото отворање на фестивалот е закажано за в четврток (29.8.) во 21:00 на Школка во Градски Парк, каде скопјани и сите останати добронамерници и љубители на музиката и културата ќе имаат можност бидат дел од градскиот музички хепенинг наречен „Скопје пее“ („Skopje Sings”).

За в петок (30.8.), фестивалот програмски ќе се вклучи во културните лета на општините Карпош и Аеродром. На Културното Лето „Карпош 2019“ на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе настапат Машкиот хор од Пловдив, ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, Женскиот хор „Аурин“ од Кецкемет, Унгарија, ГМХ „Вардар“ – Скопје и Академскиот Женски Хор на Студентскиот Културен Центар во Ниш.

Како дел од „Back to School Week“ во Општина Аеродром, во паркот на езерата со почеток во 20:30 часот ќе настапат Женскиот хор Менада од Тетово, хорот „Хаџи Зека“ од Пеќ, Пензионерскиот хор „Серенада“ од Скопје, хорот „Славјанско Единство“ од Горна Ораховција, Р. Бугарија и хорот „Елегија“ од Општина Центар – Скопје.

Фестивалот „Скопје пее“ („Skopje Sings”) е првиот меѓународен фестивал на хорови и хорска музика кој се одржува во Скопје и идејата на фестивалот е да ја донесе музиката поблиску до граѓаните и да ја претстави хорската музика типична за концертните сали на некарактеристичен начин, на улиците и плоштадите на Градот Скопје.

За последниот ден од фестивалот (сабота; 31.8), од 20:30 часот, со настап на хоровите во објектот на Македонската филхармонија и официјално ќе се затвори првото издание на „Скопје пее“ („Skopje Sings”).

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он