Шеснаесетто издание на ликовната манифестација „Зимски салон“

Од:

Во Националната галерија „Чифте Амам“ во петок на 5 февруари ќе биде отворено 16. издание на меѓународната манифастација „Зимски Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Ликовната манифестацијата, основана во 1991 година, е единствена од овој вид во Македонија.

На овогодинешниот „Зимски Салон“, со кој започнува прославата на 70- годишниот јубилеј на ДЛУМ, селектор е Хелена Фенцлова од Чешка, која од пријавените дела ќе одлучи кој автор ќе ја понесе наградата „Гранд-При“. Наградата е составена од престој во атељето на „Ците Дес Артс“ во Париз, а е овозможена од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

Фенцлова, инспирирана од географските карактеристики на Македонија, како и од разноликоста на индивидуалните интелектуални дејствија како тема за овогодинешното издание на изложбата ја одбра „Нивоа на нашата свест“.

Темата, како што посочува Фенцланова, претставува катализатор и индикатор кој го бруси ликовниот израз на поединечните автори.

– Тие своите набљудувања и перцепции ги претопуваат со подсредство на различни творечки медиуми во оргинален израз на уметничкото дело на секој поединечен творец. Целта на овој тематски поттик е предизвикување на копнеж по спознание, апсорбирање, споделување и пренесување. Придонесот од будењето на вистинските нивоа во нашата свест ќе можеме да го видиме во разноликата и свежата презентација на уметнички дела создадени и презентирани на 16-от Зимски Салон 2016 во Скопје, изјави чешкиот ликовен критичар.

На овогодинешното издание, бројот на пријавени дела изнесува преку 70, од кои вкупно 47 дела ќе влезат во главната селекција и ќе бидат прикажани на изложбата. Со свои дела, покрај домашните автори, ќе учествуваат и гости-автори од Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и многу други земји.

Би можело да ве интересира

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска