Скопски урбани приказни – во 5 и 17

Од:

ДЛУМ и КИЦ со овој проект ќе се придружат на сеќавањето на 60 години од скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов, два големи јубилеја кои се значајни за годината 2023 година.

Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, ,,Во пет и седумнаесет”, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител на идејата, покани уметници (23) кои низ класичен, но и интердисциплинарен и мултимедијален пристап, ќе изложат свои дела на неколку локации во централното градско подрачје на Скопје. Низ соработка со Скопско лето, ДЛУМ влегува во програмата за 2023 година.

Отворањето ќе започне во КИЦ во 17 и 17 часот, во паркот и продажната галерија, каде ќе бидат поставени дела од 10 уметници, потоа движењето продолжува кон Францускиот Институт Скопје – излог галерија, каде се поставени дела од 2 уметници, продолжува кон приватната галерија ГРАЛ – мала галерија и билборд пано, таму се поставени 7 уметници, движењето продолжува кон улицата ,,На липите”, во Дебар маало (Буњаковец), со објект инсталација од еден уметник и движењето завршува кон градската кафеана ,,Пелистер”, каде ќе бидат поставени 2 уметници и како гости на овој проект ќе учествуваат соработници од училиштето ,,Партенија Зографски”, каде текстот на Ацо Шопов, ,,Во 5 и 17” ќе го презентираат на видео на знаковен јазик.

Изложбата ќе се одвива во периодот од 3 јули – 9 јули 2023, со почеток и отворање токму во 5:17 (17.17) часот се до вечерните часови, а изложбите ќе бидат достапни за посета во работното време на институциите секој ден, се до 9 јули.

Учествуваат уметниците: Марина Лешкова, Вана Урошевиќ, Нина Гештаковска, Жанета Вангели, Маја Стефановскa, Тања Таневска, Соња Димовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Марија Сотировска, Игор Сековски, Маја Кировска, Дејан Иванов – Маргуш, Ѓорѓе Јовановиќ, Борче Богоевски и Тања Ристовска, Кристијан Јованоски, Драганчо Таневски, Ива Станковска, Душан Стефановски, Динев Ѓорѓи, Стефан Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ