„Северен пол” со американска премиера во МоМА во Њујорк

Од:

„Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска во продукција на Кино Око со проекција на 25-ти април во Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк ќе ја има својата американска премиера во рамките на 51-то издание на престижниот фестивал New Directors/New Films кој се одржува од 20-ти април до 1-ви мај.

Повеќе од половина век, фестивалот ги слави филмаџиите кои зборуваат за сегашноста и ја предвидуваат иднината на кинематографијата и чии смели дела го изнесуваат на површина неочекуваното на впечатлив начин. Овогодинешниот фестивал ќе претстави 26 долгометражни и 11 кратки филмови, вкупно 39 режисери, од кои 21 се жени, пред љубителите на филмот во кината во МоМА и Линколн центар.

Филмот „Северен пол” досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификуваше за наградата Оскар.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент  е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм, Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи продукција од Унгарија.

„Северен пол” е финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето