Седми „Скопје постер фестивал“ во МКЦ

Од:

Седмото издание на „Скопје постер фестивал“ почнува вечер во Младинскиот културен центар. Под мотото „Дизајн за мир“ Меѓународниот студентски конкурс за плакат годинава ќе опфаќа идејни решенија за графички дизајнери кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност.

Жирито на Фестивалот, кој е во организација на Здружението за графички дизајн Плакарт и МКЦ, и ќе трае до 20 декември, ќе треба да избере победници од вкупно 2.023 постери.

На отворање на изложбите ќе бидат објавени двајца победници на седмиот конкурс „Дизајн за мир“ кои ќе бидат наградени со организација на нивна изложба од страна на Плакарт за време на 8.Скопје постер фестивал, со учество на авторите на победничките постери во жирито на наредниот конкурс, како и со престижен сертификат од Светската асоцијација на дизајнерски здруженија Icograda. Taков сертификат ќе биде доделен и на еден од македонските учесници кои жирито иницијално ги избра во потесната конкуренција од 100 најдобри постер решенија.

Директорот на Скопје постер фестивал и основач на Здружението на графички дизајнери Плакарт, Лазе Трипков рече дека изложбата вклучува и пораки на дечиња од различни етнички групи на возраст од 9 до 11 години, кои заедно работеле изминатиот период и креирале пораки за мир.

– Во иста просторија ги соочивме дечињата со професионалните дизајнери на кои подоцна им дадовме нивните цртежи, да ги разработат и да креираат плакати односно визии видени преку очите на децата. Ќе ги имаме детските цртежи, ќе ги имаме постерите на професионалните дизајнери од Македонија, додаде Трипков.

Во рамки на Фестивалот утре во МКЦ ќе се одржи и првата регионална дизајн конференција, која ќе ја опфати темата „Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“.

На конференцијата ќе може да се проследат презентации и предавања на претседателот на Светската асоцијација на дизајнерски здруженија Icograda, Ива Бабаја, иницијаторот на дизајн настани ширум Турција, Ајшеѓул Изер, македонскиот плакатист Костадин Танчев, на еден од најуспешните креативци на Балканот и во Југоисточна Европа, Давор Брукета и други.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром