Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Од:

На 27 септември (петок) започнува овогодинешното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“. За разлика од минатите години, локацијата е малку променета, а фестивалот ќе се одржи во Кулпарк (пред КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ (до пред неколку години позната како „Звуците на чаршијата“), и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња. Во рамките на музичката програма ќе настапи овгодинешната победничка на UpBeat – Best New Talent Award ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и world music проектот КАЛЕВАЛА (DIES BONA). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.

Зарина Првасевда е македонски артист, вокален изведувач и музичар кој изведува македонска и светска традиционална музика. Таа беше номинирана и е овогодинешниот победник на “ UpBeat – Best New Talent Award 2023”, на интернационалната UPBeat платформа. Во 2022 година го издаде својот прв албум насловен како “ЕХО” , отпејан на 4 јазици, за најголемата издавачка куќа на Балканот – “Croatia Records”, а истиот го освои 9-тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните светски музички изведувачи во 3-тиот квартал 2022 година. Покрај успешниот концерт во нејзина продукција, кој се одржа во големата сала на Македонската Филхармонија, кој беше распродаден во рекордни 7 дена, се случи и распродадениот во Офицерскиот дом во Битола, но во изминатава година таа одржаа концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор.

Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко – сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со домашни и странски музичари, современ танц , како и филмски проекти:
NA ‘ Tanec’ , FUNHOUSE проект, KALY Music Chalenge, Cookie&Jam, FIN Project, Горан Трајковски, Leo Genovese (САД), Quareim Quartet (Франција), Natacha Rogers (Холандија)

Приказната на Калевала започна како музичко дружење меѓу членовите на составот поттикнато од внатрешната потреба за музичко изразување. Тие почетоци се одбележани со инспирација од традиционалниот мелос на топлото македонско поднебје и медитеранот, како и свежината на северните земји. Но, инспирацијата низ музичкото дружење постепено почнува да опфаќа и други краишта и традиционални мелодии, спонтано обликувајќи го репертоарот и со преработки на постоечки песни од различни делови на светот (Португалија, Франција, Англија, Русија, Италија, Македонија, Турција, Алжир, …). Оваа музичка дружба за првпат беше споделена со јавноста во 2008 година со Nicolas Côme на кларинет од Франција. Подоцна во бендот се приклучува и Зоран Павлоски на контрабас.

Поради позитивниот одек од публиката и компетентните лица од музичкиот свет, Калевала продолжи со своите настапи оформувајќи го својот израз којшто во 2009 и 2012 година го спакува во два диска во сопствена продукција. Потребата од авторско изразување вроди и со авторски песни коишто ја следат истата инспирација, аранжирани за вокал, гитара, контрабас и перкусии. Овој авторски материјал во себе го носи воодушевувањето од природата и животот и почитта кон убавината во луѓето од било кој дел од планетава. Последниве неколку години, бендот креира музика за документарни и анимирани филмови.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“